Секции
Архива
| По | Вт | Ср | Че | Пе | Са | Не | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | ||||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
Дали ви се допага насловот?
Старата Чаршија е вашата најблиска дестинација без разлика од која страна пристигнувате во Скопје. Сместена во срцето на Скопје, старата Чаршија се одликува со посебности и динамика типична само за неа. Преживеаничка на многу војни и окупации, Старата Чаршија останува најстариот жив сведок на историјата на овие краеви. Секое кралство, секој режим и секоја власт оставила свој печат над калдрмите на Старата Скопска Чаршија. И сепак, таа денес продолжува да претставува симбол на космополитскиот дух на Скопје: во Старата Чаршија се вкрстуваат култури и цивилизации, религии и традиции. Во Чаршијата се вкрстуваат уметнички струи од класиката до модернизмот, и се одгледуваат најтипични занаети, од филигранство и златарство до јорганџии. Скопската Чаршија денес сведочи за еден долг и комплексен процес на општествениот развиток кој започнува со трговскиот а се крунисува со културниот развиток. Историските податоци покажуваат дека Скопската Чаршија настанала во 11 и 12 век, кога и настануваат првите простории за сместување на стоката, со воведувањето такси за користење на градското земјиште и со започнувањето на продажбата на стоката за време на пазарниот ден (вторник и петок и денеска се сметаат како пазарни денови), како и во текот останатите денови. Сепак, таа и понатаму го чува континуитетот во развитокот и постепено се претвора во еден вистински трговски центар.
Сместена во главниот град на една европска држава, Старата Чаршија сведочи за културата на ориентот развиена и култивирана од жителите на Скопје. Таа всушност претставува најдобар доказ за функционалноста на мултикултурните и мултирелигиозните општества. Скопската Чаршија нуди бројни турискички атракции, од храната до културно-историските атракции. Просто кажано, во Чаршијата може да поминете еден ден исполнет со интересни активности. Ако сте гладни, слободно пробајте ги ќебапите, еден типичен турски специјалитет кој како традиција од генерација на генерација се пренесува во неколку познати Скопски семејства. Невозможно е да не ги пронајдете бројните ќебапчилници на Чаршијата: само следете го мирисот и ќе стигнете до изворот на парчиња месо печени на скара, сервирани со свеж кромид, салата или лути пиперки за поголем лезет.Модерните кафулиња во Чаршијата ги заменуваат традиционалните чајџилници. Седнете за чај во традиционални турски чашки или за оролет (топол пијалок со вкус на портокал) во најблиската чајџилница! Таму секогаш со топлина и пријателски дух ќе ве прифатат еснафите на чаршијата, од кои секогаш може да чуете некоја приказна или легенда за Чаршијата.








