Секции
Архива
| По | Вт | Ср | Че | Пе | Са | Не | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | ||||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
Дали ви се допага насловот?
(вкупно 0 гласови)
Даут Пашиниот амам е изграден во 15 век од Даут Паша, висок функционер во османлиската држава. Овој амам сведочи за постоењето и развитокот на османлиската култура на Балканот. Се наоѓа на раскрсница помеѓу модерно Скопје и старо Скопје. Сместен на левата страна од брегот на реката Вардар, од едната страна го опкружуваат нови објекти, изградени по катастрофалниот земјотрес кој го зафати Скопје во 1963 година, додека од другата страна се соединува со Старата Чаршија, на тој начин формирајќи една целосна композиција на автентични ориентални елементи. Во комплексот околу Даут Пашиниот Амам денес се наоѓаат Музичката академија, Националниот Театар и Опера, Камениот Мост и Црквата Св. Димитриј Великомаченик, кои заедно сведочат за космополитскиот и мултикултурен дух на градот Скопје, а на возвишката отспротива лежи Скопското Кале.Денес Даут Пашиниот Амам функционира како уметничка галерија и, освен оригиналното архитектонско решение, тој не ги зачувал останатите функции за кои бил изграден. Во него денес се организираат реномирани културни и уметнички манифестации како што е Скопско Лето, фестивал со меѓународен карактер, кој секоја година се одржува во Скопје. Додека уживате во звуците на класичен или модерен концерт, разгледувате изложба на слики или скулптури, несомнено ќе ја почувствувате и доживеете длабоко историската душа на Даут Пашиниот Амам.








