Секции
Архива
| По | Вт | Ср | Че | Пе | Са | Не | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | ||||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
Дали ви се допага насловот?
(вкупно 0 гласови)
Овој амам се простира среде Старата Скопска Чаршија, во близина на Безистен, Сули Ахн и Мурат Пашината Џамија. Изграден е во средината на 15 век од страна на Иса бег за потребите на медресето и неговото теќе во Скопје и затоа е познат и под името Иса бегов амам. Се претпоставува дека неговото архитектонско решение е прилагодено на околината во која се наоѓа амамот. За разлика од другит двојни амами, во Чифте амам машкиот и женскиот дел се спојуваат во делот за бањање. Во списите на познатиот патеписец Евлија Челебија, Чифте Амам исто така е наречен „нов амам„. Денес Чифте Амам е преобразен во современа галерија во која нивните дела ги изложуваат познати уметници од земјата и од странство. Речиси во секое време, на ѕидовите на овој амам стојат изложени дела на уметници од домашната сцена или на гости однадвор. Домашната јавност како и посетителите со нетрпение очекуваат секоја нова изложба и секоја од нив претставува настан во себе за кој, се чини, се радува целата Чаршија. Всушност, Чифте Амам е еден од амбиентите кои активно и најмногу придонесуваат во оживувањето на Чаршијата од утрото до доцните вечерни часови








