Секции
Архива
| По | Вт | Ср | Че | Пе | Са | Не | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | ||||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
Дали ви се допага насловот?
(вкупно 1 гласови)
Се смета како еден од најубавите и најпознати споменици на културата во Скопје и претставува монументален објект на профаната исламска архитектура. Изграден е кон средината на 15 век, но точниот датум на неговата изградба не е познат. На почетокот Куршумли ан бил познат како анот на Музеин оџа, според името на неговиот основач и градител. Се верува дека името „Куршумли„ го добил некаде во 19 век поради покривот од олово. Границите на Куршумли ан останале непроменети векови наназад и останале исти и во нашето време. Неговата позиција се изменила со изградбата на Музејот на Македонија со што е затворена една од уличките кои водат до анот. Еден дел од Куршумли ан служел за сместувањето на трговците и нивната стока, додека во другиот дел била шталата и останатите помошни соби како и собите за послугата. Главниот влез на Куршумли Ан се наоѓа од страната на Чаршијата, и таму ќе стигнете доколку ја поминете пеш златарската улица, во правец на Театарот на албанска драма. Внатрешноста на Куршумли ан е извонредна. Од другата страна на дебелите ѕидови преовладува чудесна тишина и начинот на изградба комбиниран со празнината создаваат ефект на ехо. Комплексот без сомнение ќе ве направи да се чувствувате како дел од некоја средовековна приказна во која царевите, палатите и нивните одаи се вистински. Нема да останете рамнодушни ниту кон полукружните ѕидови на вториот кат од анот ниту кон шадраванот во неговата средина, елементи кои на оваа градба и даваат посебен шарм и посебна емоција.








