Секции
Архива
| По | Вт | Ср | Че | Пе | Са | Не | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | ||||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
Дали ви се допага насловот?
Чувствувате глад и сакате да ги посетите рестораните во Скопската Чаршија? Тогаш Капан Ан е вистинското место за тоа! Сместен во близина на споменикот на Скендербег и отворен од сите страни, некогашниот ан денеска претставува богат комплекс на ресторани со традиционална и современа кујна, кои може да ги најдете многу лесно и едноставно на јужниот но и на северниот дел на анот. Капан Ан е еден од старите анови сочувани во градот. Изграден е кон средината на 15 век од познатиот турски војсководец Иса бег. Во времето на Османлиското царство анот служел за сместувањето на трговците и нивните карвани, како и за патниците кои ги придружувале во градот. Именувањето на анот произлегува од турскиот збор „каббан„ и значи голем јавен кантар на кој се мерела стоката која се носела однадвор.
Во текот на 90тите години од минатиот век, Капан Ан претставувал алтернативно место на кое се собирале млади од сите страни на Скопје. Денешните ресторани во тоа време биле кафулиња или ноќни клубови познати по богатиот ноќен живот, со бендови со музика во живо. Денес Капан Ан потсетува на оази скриени среде пустина, поради контрастот со светот кој го опкружува. Иако среде Чаршијата, во внатрешноста на анот ќе се почувстувате спокојно и може да ручате или вечерате во сосема отмена атмосфера која создава впечаток дека не комуницира со динамиката на секојдневието која се одвива над калдрмата на Чаршијата.
Од северната страна на Капан Ан се излегува во центарот на Скопската Чаршија. Ова е идеална локација за ручек во една од ќебапчилниците под сенката на најстарото дрво во Скопје и под звуците на фонатата поставена на малото плоштадче. Доколку сте расположени за романтична и мирна вечера во топлите летни вечери во Скопје, не се двоумете! Ова а најдоброто место за отмен амбиент и многу романса.







