Секции
Архива
| По | Вт | Ср | Че | Пе | Са | Не | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | ||||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
Дали ви се допага насловот?
Сули Ан претставува споменик на културата и се наоѓа во Скопската Чаршија, во близина на Чифте Амам и најлесно ќе го најдете доколку влезете во Чаршија од страната на Бит пазар. Го изградил Иса бег во првата половина на 15 век и претставува репрезентативен објект на цивилната османлиска архитектура. Во тестаментот на Иса бег анот се спомнува како „стариот ан„. Епитетот „сули„ кој знали „воден„, анот го добил подоцна, поради реката Серава која поминувала во непосредна близина на објектот. Денес реката не постои, меѓутоа анот го задржал името. И Сули ан, како и Капан ан, претставува карвансарај кој заедно со дуќаните изградени околу него формира посебен комплекс во внатрешноста на Чаршијата, отворен од четирите страни. Овој комплекс зафаќа простор од 2.101м и денес во него е сместена Академијата за сликарство.








