Секции
Архива
| По | Вт | Ср | Че | Пе | Са | Не | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | ||||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
Дали ви се допага насловот?
(вкупно 1 гласови)
Издигнато на доминантна позиција над градот, Скопското Кале сведочи за древноста, за историјата низ која живеел и се издигнал главниот градот. Кога доаѓате во старо Скопје од новиот дел на градот, не може а да не ја забележите оваа величествена тврдина која се простира на левиот дел од реката Вардар, која длабоко во себе крие бескрајно многу раскази, митови, но и фактографија за минатото на Скопје, од древните времиња до денес. Археолошките истражувања на Калето говорат за праисториското минато на тврдината. Калето претставува масивна градба опкружена од еден гигантен ѕид изграден од големи камени блокови донесени од античкиот град Скупи, уништен во земјотресот во 518 година. Гледајќи го Калето оддолу, посетителот, исто како и жителите на градот, ќе ја почувствува мистичноста која ја опколува оваа тврдина. Оваа мистичност не ја остава рамнодушна љубопитноста на секого да посака да влезе внатре, да види, да разбере сам што се крие преку ѕидовите со мали отвори кои секогаш создаваат чувство дека некој те гледа. Денес Калето претставува значаен споменик на културата во чија внатрешност, освен камениот ѕид што го опколува, се наоѓа еден амфитеатар, еден ресторан од кој ќе го добиете најубавиот поглед над Камениот Мост, реката Вардар и плоштадот на ново Скопје, додека целокупниот простор е уреден со зеленило, патеки за пешаци и фонтани со вода за пиење. Од Скопско Кале се гледа целата Чаршија и оттука се добива најдобар поглед над старо Скопје како целина.На источниот дел на објектот, со дрвен мост е импровизиран влезот во Калето а овој патец среде зеленилото кое ја опкружува тврдината води директно во Старата Чаршија. Од оваа страна, Спроти Калето се наоѓа Мустафа Пашината Џамија и комплексот Св. Спас. Во рамките на овој културолошки комплекс исто така се наоѓаат два значителни музеи: на влезот од Чаршијата се наоѓа Музејот на Македонија, додека на (север) од Калето сместен е Музејот на Современа Уметност. За да се придонесе повеќе во зачувувањето на историското значење на овој дел од градот, градските власти намерно не поставиле асфалт на еден дел од главниот пат помеѓу комплексот на Кале и влезот во Старата Чаршија и ја оставиле калдрмата, за да ја зачуваат автентичноста и древноста на оваа целина.








