Секции
Архива
| По | Вт | Ср | Че | Пе | Са | Не | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | ||||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
Дали ви се допага насловот?
(вкупно 1 гласови)
Камениот Мост со право се смета како најимпозантниот симбол на градот Скопје. Изграден за да ги поврзува двата брега на реката Вардар, Камениот Мост со векови наназад го овозможувал поврзувањето на најпродвижниот дел од Скопје. И денес Камениот Мост им служи на пеѓаците како најдобрата врска помеѓу стариот и новиот дел на градот, затоа што над овој мост е забрането движење на автомобили.Камениот Мост претставува објект со извонредна техника на градење, и поради тоа и е добро сочуван. Овој мост ги поседува карактеристиките на османлиска градба, значи ги има сите елементи на еден османлиско-турски мост. Но, и покрај овие карактеристики, честопати наоѓаме фактографија според која овој мост бил дело на римјаните или другите владетели кои поминале низ Скопје. Сепак, најголемиот дел расположливи податоци за историјата на мостот како и самиот стил на изградба докажуваат дека Камениот Мост е всушност градба од османлискиот период. Изградбата на мостот треба да се побара во периодот на преземањето на Скопје од страна на Турците, значи во периодот помеѓу 1392 и 1469, кога за прв пат се спомнува низ пишаните документи. Овие документи покажуваат дека мостот се поврзува со владеењето на Султан Мурат 2 и Мехмет 2 Освојувач, кои владееле еден по друг, од 1421 до 1481. Оттука може да се заклучи дека Камениот мост е изграден некаде во 15 век.Камениот мост е изграден на локацијата на која што се наоѓа и ден денес со цел да ги поврзува и да овозможи комуникација помеѓу двете страни на Скопје, кои постојано се развивале и урбанизирале. Така, од левата страна на мостот започнува Старата Скопска Чаршија со сите трговски и објекти на културата кои ја сочинуваат, додека од десната страна на времето биле сместени Бурмали џамијата, една многу позната џамија, потоа медресето, мектебот, еден карвансарај, и.т.н.Денес мостот претставува симбол на културното, традиционалното, јазичното и верското поврзување и размена, бидејќи од левата страна на Скопје живее доминантно Албанско население а од десната страна доминантно Македонско население. Не случајно граѓаните мостот го дефинираат како мост на поврзување, не на поделба на народите кои ја сочинуваат мултиетничката и мултиконфесионална слика за Скопје.








