МУСТАФА ПАШИНА ЏАМИЈА И ТУРБЕТО

Секции

Архива

По Вт Ср Че Пе Са Не
1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031



  • email Email на пријател
  • print Верзија за печатење
  • Add to your del.icio.us del.icio.us
  • Digg this story Digg this

Дали ви се допага насловот?

(вкупно 0 гласови)
Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image Мустафа-пашината џамија е меѓу најубавите монументи на исламската верска архитектура во Скопје.  Со својот импозантен изглед, оваа џамија спаѓа меѓу најубавите џамии во Македонија.  Нејзината архитектонска вредност се зголемува и поради нејзината извонредна позиција.  Сместена на возвишението спроти скопското Кале, оваа џамија доминира над целата околина.  Во приквечерината, нејзината извонредна силуета, која претставува совршенство на мир и елеганција, го плени секој минувач.Мустафа-пашината џамија е подигната во последната деценија од 15 век од страна на Мустафа-паша, висок функционер во Османлиската држава во периодот на Султан Бајазит 2 (1481-1512) и Селим 1 (1512-1520).  На влезот од џамијата ќе го забележите натписот кој говори за времето на нејзината изградба.  Овој натпис е напишан во проза со арапско писмо.Турбето на Мустафа-пашината џамија се наоѓа од нејзина југоисточна страна.  Тоа е шестострано и од типит е на затворени турбиња со купола.  Од својата надворешна страна турбето е обложено со мермер.  Во внатрешноста се наоѓа еден саркофаг кои од страните е декориран со релиефи со растителни мотиви.  Во земјотресот од 1963 година ова турбе претрпува оштетувања кои и ден денес се очигледни.  Паднат е и натписот кој бил поставен на влезот од турбето.  Овој оштетен натпис денес се чува во внатрешноста на објектот.
  • email Email на пријател
  • print Верзија за печатење
  • Add to your del.icio.us del.icio.us
  • Digg this story Digg this

Post your comment comment Коментари (0 пратено)

Powered By Albart