Секции
Архива
| По | Вт | Ср | Че | Пе | Са | Не | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | ||||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
Дали ви се допага насловот?
(вкупно 1 гласови)
Мурат-пашината џамија ќе ја забележите без разлика од која страна сте влегле или сте прошетале низ Старата чаршија. Таа е сместена среде чаршијата. Спроти неа е лоциран импозантниот Чифте амам и бројни дуќани во кои се развиваат традиционалните занаети на чаршијата- папучарство, потоа книжарница, или пак дуќани со современа техника. Сосема блиску до џамијата се наоѓа фонтана со вода за пиење и ова може да биде дополнителна причина зошто овој храм на муслиманското верување е уште позабележителен за окото на посетителите. Внатре во дворот на Мурат-пашината џамија се наоѓа добро сочуван шадраван кој е изграден во 1937 година. Сепак, најголемата љубопитност и интересирање кај посетителите го предизвикуваат остатоците од некогашните гробишта на џамијата. Всушност, станува збор за три надгробни споменици кои датираат од 1741, 1790, додека за третиот е тешко да се дешифрира датумот.Мурат-пашината џамија има една проста архитектура и елементи карактеристични за Барокниот период. Од нејзината десна страна се издига минарето кое според стилот и начинот на градба припаѓа на еден друг, постар период и се разликува од денешната градба на џамијата.На влезот од џамијата стои натписот на кој, на арапски јазик е објаснето дека џамијата е изградена некаде помеѓу 1802-1803, бидејќи изгорела во големиот пожар што го зафатил Скопје во 1689 година. Сепак, не постојат никакви податоци за имети или годината на изградба на оваа џамија, а од археолошките истражувања и студии е јасно дека денешниот објект на Мурат- пашината џамија се издига над еден друг, постар објект.
Post your comment
Коментари (1 пратено)
-
Испратено apple, 17 Јуни, 2008 20:41:38mislam deka treba da se rusat site dzamii i na nivno mesto da se izgradat crkvi ili something else








