Секции
Архива
| По | Вт | Ср | Че | Пе | Са | Не | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | ||||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
Дали ви се допага насловот?
(вкупно 0 гласови)
Алаџа џамија е меѓу најстарите џамии во Скопје. Таа претставува значаен историски и споменик на архитектурата. Се наоѓа во Бит пазар (зелениот пазар на Скопје). Изградена е во првата половина на 15 век од страна на Иса бег, познатиот турски војсководец. Иса бег живеел и дејствувал во времето на владеењето на Султан Мурат 2, период на проширувањето и зацврстувањето на османлиската власт во овој дел од Европа.Во близина на Алаџа џамија се наоѓа турбето кое претставува вистинска архитектонска убавина. Тоа е од типот на затворени турбиња со купола. Има шест страни и изградена е на прецизен начин од добро обработен камен. Освен богатата декорација од камен турбето поседува и извонредена фајансна декорација. Во неа доминираат синатат и зелената боја како и светло сината и тиркиз зелената боја. Ова турбе заедно со Јени џамијата која се наоѓа во Битола се единствените споменици на просторот на поранешна Југославија, кои ја зачувале нивната фајансна декорација.Турбето во близина на Алаџа џамија е комплетно реконструирано по земјотресот во 1963 година и фајансната декорација е реконструирана во 1972 година со керамички плочки.








