Секции
Архива
| По | Вт | Ср | Че | Пе | Са | Не | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | ||||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
Дали ви се допага насловот?
(вкупно 0 гласови)
Џамијата на Султан Мурат 2 (1421-1451) се наоѓа на доминатна локација на Скопје. Сместена е на возвишението кое се издига над стариот дел на градот. Оваа џамија спаѓа во првите џамии изградени во Скопје. Датира од 1436 година и денес е најстарата помеѓу зачуваните џамии на Скопје.Во своето време, во близина на Султан-Муратовата џамија биле изградени и медресето и имаретот кои се набројувале меѓу најпознатите објекти од овој вид во Скопје. Денес во околина на оваа градба се забележуваат само остатоци од медресето како и гробиштата на џамијата во чија близина се наоѓаат и две турбиња: Турбе на Султан Бејхан и семејната гробница на Али паша од Дагестан.На северната страна од џамијата на Султан Мурат, во нејзиниот двор, се наоѓа и Саат кулата која е составен дел на комплексот на џамијата.








