Секции
Архива
| По | Вт | Ср | Че | Пе | Са | Не | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | ||||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
Дали ви се допага насловот?
Старата скопска Чаршија не претставува само симбол на чистото ориентално и исламско наследство во Македонија. Напротив, нејзините посетители ќе имаат можност, во текот на нивните истражувања на спомениците на старо Скопје, да се запознаат и со елементи на православната култура кои, заедно со останатите елементи, го сочинуваат мозаикот на религиозна и културна разновидност која ја карактеризира Македонија.
Токму црквата Св. Великомаченик Димитриј е типичен пример за вековниот соживот на две различни религии во Скопје- православието и исламот. Ќе ја почувствувате хармонијата на овој соживот кога попладне, во 12:00 часот, црквата ќе одброи 12 камбани, а езанот од џамиите ќе ги повика верниците на молитва и звуците од овие два религиозни храма се вкрстуваат во просторот над Чаршијата а нивната јасност најубаво звучи на Калето.
Оваа црква се наоѓа сосема блиску до Камениот мост, на влезот од старата Чаршија од јужната страна, и речиси под скопско Кале и ќе ја најдете сосема лесно доколку го пројдете пеш Камениот мост и тргнете во правец на Чаршијата. Овој религиозен објект има посебно значење за историјата на Македонската православна црква бидејќи до изградбата на Соборниот храм во Скопје, токму оваа црква служела како соборен храм на православната заедница во Македонија.







