Секции
Архива
| По | Вт | Ср | Че | Пе | Са | Не | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | ||||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
Дали ви се допага насловот?
(вкупно 0 гласови)
Споменикот на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег е најимпозантниот споменик на културата поставен во поново време во Скопската чаршија. Невозможно е да не ја забележите фигурата на овој голем Албански војсководед кое се издига над главната артерија која го поврзува исток, запад, севери и југ на Скопје, и со десната рака подигната нагоре, со мудрост пренесува мир и како да ги поздравува минувачите и посетителите на главниот град на Македонија.Ѓерѓ Кастриот- Скендербег е национален Албански херој кој ги предводел борбите против Османлиското царство во 14 век и се истакнува како исклучителен стратег, храбар и решителен борец за слобода. Изработен од Албанскиот скулптор Тома Томаи- Дамо, Скендербег пристигна во Скопје на 28 ноември 2006, во текот на големото одбележување на националниот празник на Албанското знаме, под покровителство на општина Чаир.Споменикот е работен од бронза и со неговата висина од над 4 метри, претставува највисок споменик на историјата во Македонија.На симболичен начин, Скендербег ја симболизира духовната врска на етничките Албанци кои живеат во Македонија, Косово и Албанија: скулптура на овој херој исто така е поставен во главниот град на Албанија- Тирана, и во главниот град на Косово- Приштина. Скендербег денес се смета како голем водач и воен стратег кој ги бранеше и афирмираше вредностите на средовечна Европа на Балканот обвиен во крв од војните и окупациите.








